Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
Тешка ноќ за службите. Со гранки и лопати на високите ридски предели, Ангелов со уште 10-тина лица цела вечер го гаснеа пожарот кај Јажинце.
Кракот избувна после полноќ, а гасачите спречија вистинска катастрофа. Теренот на овој крак е висок, но и непристапен и за Пинц-гауери.
„До два, три часот сабајле успеавме да изгаснеме една линија од еден километар, сепак утрово повторно се пробуди кракот којшто гледа накај Шар Планина. Така што претставуаше и се уште претставува закана за некои од овие села. Но, на самиот магистрален пат којшто од Тетово води кон граничниот премин Јажинце се поставија возила кои огнот доколку дојде до патот ќе биде сопрен“, изјви Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.
Покрај Јегуновце, главен фокус на службите и денеска останува ловиштето Јасен. Таму се распоредени голем дел од капацитетите на државата за гаснење. Интервенираат Волците, Ренџери, екипи на Национални шуми и Јасен, но и припадници на противпожарните служби.
Денеска гореше и на патот Тетово-Гостивар, село Врановци и Липково, но благодарение на брзата интервенција на службите, овие жаришта за брзо време беа изгаснати.
Во Македонија поради пожарите е прогласена кризна состојба. Забрането е и движење во шуми без дозвола.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар