Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 29.6.2026 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари за литар, на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 денари, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,265 ден/кг.
Од вечер на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 85,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе биде 87,5 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 82,5 денари, на маслото за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 81,50 и на мазутот М-1 НС - 41,230 денари.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.7.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,576%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,201%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,681% и кај мазутот намалување во просек за околу 0,967%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,5132%.
МИА
Ново на Сител
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
