Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година

Цените на американската сурова нафта го забележаа најголемиот неделен раст досега, поттикнати од ескалацијата на војната на Блискиот Исток, која предизвика огромни прекини во глобалните снабдувања со гориво.
Порастот на цените се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп побара безусловно предавање на Иран, зголемувајќи ги стравувањата од продолжен конфликт што би можел да предизвика хаос на глобалните пазари на нафта и гас, објави Си Ен Би Си.
Фјучерсите (договорите за идно купување) на американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) пораснаа за 12,21 проценти, или 9,89 долари, и достигнаа 90,90 долари за барел. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта од типот Брент поскапе за 8,52 проценти, или 7,28 долари, и достигнаа 92,69 долари за барел.
Американската сурова нафта поскапе за 35,63 проценти изминатата недела, што е најголем раст откако започна тргувањето со фјучерси во 1983 година. Цаната на суровата нафта од типот Брент, пак, се зголеми за околу 28 проценти, што е најголем неделен раст од април 2020 година.
Војната веќе доведе до речиси целосен застој на бродскиот транспорт во Ормутскиот теснец, клучната поморска рута за снабдување со енергенси. Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби, во петокот за „Фајненшл тајмс“ изјави дека цените на суровата нафта би можеле да достигнат 150 долари за барел во наредните недели ако танкерите за нафта не можат да поминат низ теснецот.
Тој предупреди дека таквото сценарио би можело да „ги урне светските економии“.
Администрацијата на Трамп во петокот објави програма за осигурување од 20 милијарди долари за танкерите за нафта во Персискиот Залив, но мерката малку направи за да го смири пазарот на сурова нафта.
Ирак објави дека го намалил производството за 1,5 милиони барели дневно, а Кувајт, исто така, започна со намалување на производството откако снемал простор за складирање.
- Пазарот се префрла од проценка на чисто геополитички ризик кон соочување со опипливи оперативни нарушувања, оценува Наташа Канева, раководител на истражувањето на глобалните пазари во ЏиПи Морган.
Канева додаде дека намалувањето на производството би можело да достигне 6 милиони барели дневно до крајот на следната недела ако теснецот не се отвори за сообраќај.
Поскапуваат и горивата во САД. Цената на галон бензин во изминатите денови се зголеми за речиси 27 центи, на 3,25 долари.
МИА
Ново на Сител
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
