Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе

Во Франција 74 луѓе се удавиле од 18 јуни, досега, додека земјата продолжува да се справува со топлотен бран и екстремно високи температури што ги оптоваруваат службите за итни случаи и здравствениот систем, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.
Тој за весникот „Паризиен“ изјави дека повеќето давења се случиле во нерегулирани и небезбедни области за пливање, како што се реки, езера и бари, додека смртни случаи се регистрирани и во приватни базени.
Нуњез, исто така, рече дека регионот Ил де Франс (париски регион) бележи значително зголемување на интервенциите на службите за итни случаи поради здравствени проблеми предизвикани од жештината.
„Најновите податоци покажуваат зголемување од 122 проценти на бројот на интервенции споредено со 2025 година“, рече Нуњез.
Во меѓувреме, според телевизијата БФМ, топлотниот бран во Франција полека слабее на западот од земјата, но високите температури продолжуваат во неколку региони, додека 37 департмани и натаму се со највисок степен на метеоролошко предупредување.
МИА
Ново на Сител
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран
-

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија
-

Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме
