Македонија
27. November 2026 - 14:14

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, соопштува МВР.

На 19.11.2026 во семејната куќа, пријавениот ја навредувал неговата ќерка и ѝ упатил закани, по што собата ја полил со запалива течност и се заканил дека ќе ја запали неа и куќата.