Цената на нафтата повторно расте - Иран се закани: Ќе стигне до 200 долари
Цената на нафтата повторно се приближува до 100 долари за барел, откако Иран уништи неколку танкери кои поминуваа низ Ормутскиот теснец.
Оман ги евакуираше сите бродови од својот клучен терминал за извоз на нафта, по нападот на нивни танкери во ирачките води. Предизвиците за снабдување со енергеси се згоелмуваат , кризата се продлабочува и сега пратките со нафта кои се наоѓаат и надвор од Ормутскиот теснец, се загрозени. Иран со порака – подгответе се цената на нафтата да стигне до 200 долари.
Аналитичарите ги пресметуваат ризиците.
- Иранците очигледно се обидуваат да ја таргетираат инфраструктурата поврзана со енергетиката и нафтатат за да предизвикаат скокови на цената. Во година на среднорочни извбори во САД, единственото оружје што навистина го имаат за да го сопрат САД е навистина да ги зголемат цените на нафтата и енергијата., Но ова има влијание врз инфлацијата на глобално ниво, поради што мислам дека овој конфилкт има последици низ целиот свет во однос на цените на сите видови стока. Цените на нафтата се зголемија,. Цените на превозот се зголемија., изајви Навин Дас, аналитичар за нафта
Колку подолго трае конфликотот, толку поголеми ќе бидат ризиците од повисока инфлација.
- Трошоците за патување ќе се зголемат. Трошоците за намирници, во однос на трошците за доставување на производите во маркетите, исто така ќе се зголемат. Но, ако ова продолжи со недели, ќе видиме навистина критична ситуација во однос на залихите од храна на Блискиот Исток, додеаде Навин Дас, аналичиар за нафта
Вчера членките на Меѓунарпдната агенција за енергија постигнаа договор да ослободат рекордно ниво на нафта од стоковите резерв.и., за да се стабилизира пазаарот
- Вчера одлучивме да ослободиме 400 милиони барели нафта за да се стабилизираат цените на енергенсите и веќе се чувствува тоа.
Сепак, пазарите реагираа препазливо на вакава одлука , затоа што не е доставен план со каква динамика и тепмо ќе се пушта нафта во оптек.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
