Loading Video...
Фудбал
17. March 2022 - 9:30

Чалзи и Вилјареал го комплетираа списокот на четвртфиналисти во Лигата на шампионите

Познати се сите осум екипи кои ќе играат во четвртфиналето на Лигата на шампионите.  Чалзи и  Виљареал се последните два тима кои обезбедија пласмна во осминафиналето Лигата на шампионите 

 
Актуелниот европски шампион Челзи и по втор пат беше подобар од Лил. Откако во Лондон славеше со 2-0 сега на реваншот во Франција, Челзи го победи Лил со 2-1. 
 
Големо изненадување приреди Вилјареал кој го елиминира Јувентус. По нерешените 1-1 во Шпанија, во реваншот одигран во Торино, популарната „жолта подморница“ го „торпедира“ Јувентус со 3-0 и 
 
Така Челзи и Вилјареал им се приклучија на: Атлетико Мадрид, Бенфика, Ливерпул, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер Сити меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување. 
 
За утре точно напладне во седиштето на УЕФА во Нион, е закажана ждрепката за четвртфиналето, но и можните фвојки за полуфиналната рунда. 
 
Возбудувањата во Лигата на шампионите ќе продолжат на 6 и 7 април со првите четврфинални дуели, додека реваншите на програмата се седум дена подоцна (13 и 14 април)