Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци

А што е потребно за една нова реалност? Понекогаш, само вистинскиот рецепт.
Токму на оваа идеја е изградена новата кампања „Нова реалност во Тиго“, која ја поврзува една од најпрепознатливите македонски традиции со новата понуда на Тиго. Оваа есен, Тигомир тргнува во потрага по совршениот рецепт за ајвар, а Тиго ја открива својата формула за новата реалност – намалени трошоци и повеќе можности за клиентите. А, да се најде совршениот рецепт за ајвар во Македонија не е едноставна задача.
Прашајте десет луѓе како се прави најдобриот ајвар и веројатно ќе добиете десет различни одговори – секој со своја тајна состојка, семеен рецепт и убедување дека токму неговиот е вистинскиот.
Додека Тигомир ги истражува пиперките, традицијата и тајните на совршениот ајвар, Тиго веќе го има вистинскиот рецепт за својата нова реалност: намалени трошоци на кредит до 720.000 денари и до 72 рати, но и намалени трошоци на понудата за рефинансирање на постојните кредитни обврски. За вистинско добредојде, првиот кредит во Тиго.мк е целосно бесплатен, со рок на отплата до 30 дена.
„Сакавме новата сезона да ја започнеме со нешто што е навистина наше, препознатливо и блиско до луѓето. Ајварот е тема за која сите имаме свое мислење, особено кога станува збор за тоа чиј рецепт е најдобар. Затоа на Тигомир му ја доверивме тешката задача да го пронајде совршениот рецепт. Во Тиго, пак, ќе се држиме до она што најдобро го знаеме: да им понудиме на нашите клиенти едноставни решенија со намалени трошоци и повеќе можности полесно да ги реализираат своите планови“, велат од Тиго.
Кампањата ќе биде присутна преку телевизиски, дигитални и надворешни канали, како и во филијалите на Тиго ширум земјата. А потрагата на Тигомир по совршениот рецепт нема да остане само на екраните, туку ќе продолжи и преку дополнителни есенски активности. Совршениот рецепт за ајвар? Тигомир сè уште го бара. Но, кога станува збор за намалени трошоци и нови можности, новата реалност во Тиго веќе е тука.
Комерцијален Текст
Ново на Сител
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
