Loading Video...
Фудбал
13. February 2022 - 11:13

Челзи е победник на светското клупско првенство

Екипата на Челзи е нов светски клупски шампион.
 
Во финалето одиграно во Абу Даби, актуелниот европски првак беше подобар од бразилскиот претставник Палмеирас тик кој е јужноамерикански шампион. 
 
Челзи забележа победа со 2-1 по продолжението откако регуларниот дел заврши 1:1. 
 
Лукаку 54-минута и донесе предност на англиската екипа која траеше само 10-тина минути бидејќи Веига од пенал го израмни резултатот на 1:1, кој остана актуелен до крајот на регуларните 90-минути. 
 
А во дополнителните триесет минути, Челзи беше во постојана иницијатива, а тоа донесе резултат дури во 116. Минута. По прегледувањето на ВАР снимката беше досуден пенал кој го реализира Хаверц за водство, а потоа и победа со 2:1.
 
Така Челзи прв пат во својата историја стигна до титулата, светски клупски првак.