-->
-->
Челзи претрпе тежок пораз од Брентфорд во Премиер лигата
-->

Челзи загуби со 3:0 од Брентфорд синоќа на гостински терен од петтото коло на англиската Премиер лига.
Џејдон Ентони го отвори резултатот во 61. минута, а Игор Тијаго го дуплираше водството на домашниот тим седум минути пред крајот на регуларното време. Фабио Карваљо го постигна третиот гол за домашниот тим во судиското продолжение.
Челзи ја продолжи својата серија без победа во Премиер лигата на три натпревари – два порази и едно реми. „Сините“ се на седмото место на табелата со седум бода.
Брентфорд е непоразен во Премиер лигата, со две победи и три реми. „Пчелите“ имаат девет бода и се искачија на третото место.
Денес играат:
Тотенхем – Астон вила
Брајтон – Арсенал
Евертон – Ипсвич
Њукасл – Хал
Нотингем Форест – Ковентри.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
