Македонија
27. January 2026 - 10:08

Честитка од Мицкоски за Свети Сава: Пораките на овој голем светител нека придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод духовен и национален празник Свети Сава.

-Со длабока почит и искрени честитки, на српскиот народ им го честитам големиот духовен и национален празник Свети Сава, симбол на просвета, мудрост, духовност и државотворност, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Мицкоски додава дека наследството на Свети Сава претставува темел врз кој се изградени вредностите на образованието, верата, културата и заедништвото, кои и денес се силна инспирација за градење праведно, хумано и напредно општество.

-Нека пораките на овој голем светител придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност, како и за понатамошно унапредување на пријателските односи и соработката меѓу народите и државите, пишува македонскиот премиер по повод празникот Свети Сава.

 

МИА