Честитка за Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши

Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја, еден визионерски проект којшто го изгради мирот, единството и стабилноста во континент кој едно време беше поделен од конфликти, се вели во честитката на претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 9 Мај - Денот на Европа.
- Денес, во време на големи геополитички предизвици и глобални несигурности, оваа идеја останува најсилната гаранција за безбедна, демократска и одржлива иднина за нашите граѓани. Во овој контекст, нагласувам дека проширувањето на Европската Унија ја надминува димензијата на политичкиот процес. Тоа претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и кохезијата на целиот европски континент - наведува Гаши.
Република Северна Македонија, се посочува во честитката, останува непоколеблива во својата ориентација и стратегија за европската интеграција, демонстрирајќи постојано институционална одговорност, демократска култура и искрена посветеност на реформите, дијалогот и добрососедството.
- Овој пат е политичка аспирација, но и изразување на нашето длабоко убедување дека иднината на земјата природно е дел на европското семејство - вели Гаши.
Собранието на Република Северна Македонија останува посветено на унапредувањето на демократските реформи, зајакнувањето на институциите и подобрувањето на интеграциските процеси, со уверување дека европската интеграција претставува гаранција за долгорочна стабилност, демократски развој и благосостојба на нашите граѓани и регионот.
- Во духот на 9 Мај, ја реафирмираме вербата дека европската иднина се гради врз солидарноста, довербата и заедничката визија за една посилна, побезбедна и пообединета Европа - се вели во честитката по повод 9 Мај - Денот на Европа од претседателот на Собранието Гаши.
МИА
Ново на Сител
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
-

Прекината епидемијата во Гостивар
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
-

Вработени во ССМ обвинуваат за мобинг и незаконски отказ
-

ПЕТ-скенот повторно во функција, ќе се снимаат по десет пациенти дневно
