Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
Пораст на просечната плата за 6,5 отсто годишно, објави статистиката. Во јуни, според пресметките изнесува 48,381 денари. Повиски плати добивале вработените во администрацијата, земјоделието и транспортот, а на врвот на листата со плати над 88 илјади денари и натаму се програмерите и информатичарите. Сепак, ако се споредат платите со мај, просекот е намален за над 1,000 денари. Статистиката регистира пад на платите во трговијата на големо и мало, културата и снабдувањето со електрична енергија. Токму 50% од просечната плата, заедно со инфлацијата во првото полугодие влегуваат во пресметките за раст на пензиите од септември. Според бројките, истите би се зголемиле за околу 6%. Премиерот Мицкоски е задоволен од постојаниот пораст на пензиите. За две години истите бележат пораст од 12,5 осто во споредба со претходната власт.
„Еве уште една споредба ќе им кажам кога станува збор за старосните пензии. Еве да ги споредуваме првите 25-26 месеци од претходната влада во периодот јуни 2017 до јуни - јули 2019 година со овие 25-26 месеци од оваа Влада, односно тогаш просечната старосна пензија за првите 25-26 месеци од претходната влада се зголемила за цели 540 денари. Во овие 25-26 месеци на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ просечната старосна пензија се зголемила за нешто повеќе од 6.800 денари или математички прецизно - тоа е повеќе од 12,5 пати. Таа е разликата.“ - изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Прилеп.
Просечната пензија во јуни изнесува нешто под 30,000 денари. Ако се зголемат за околу 6%, сметките на пензионерите во просек ќе бидат повисоки за 1,700 денари. Согласно законот, пензиите се усогласуваат два пати годишно. Еднаш во септември и еднаш во март. Со доаѓањето на власт, премиерот Мицкоски одлучи два пати линеарно да ги згопеми пензиите на сите пензионери за вкупно 7,000 денари.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
