Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Во изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани седум пријави за семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода, а со две е извршен службен разговор.
Како што информираат од МВР, утрово во 05:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(38) од Штип. И покрај тоа што од април 2026 година имало изречено судско решение да не се доближува и да не ја малтретира неговата сопруга, тој околу 01:00 часот отишол пред домот во кој живее неговата сопруга и по кратка расправија физички ја нападнал.
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 25-годишен син, дека во семејниот дом му упатил закани со остар предмет.
Во скопско, вчера во 19:45 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(40) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговите родители, дека во семејниот дом, агресивно се однесувал, оштетил дел од покуќнината, при што им упатил и закани.
Вчера во 06:00 часот во СВР Скопје, 18-годишник од скопско пријавил дека ноќта околу 00:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Сарај, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот 19-годишен брат. По преземени мерки, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода извршиле службен разговор со пријавениот.
На 06.05.2026 во СВР Охрид бил извршен службен со Г.Ј.(46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга, дека по кратка расправија ѝ упатил закани. Кај него се пронајдени и одземени пиштол, автоматска пушка и куршуми за пиштолот и пушката. оружје.
Во Дебар вчера полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Б.Г.(45) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга.
Вчера во 14:00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.К., кој употребил тврд предмет и ѝ нанел повреда.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и најавуваат дека по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Гаши се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен
-

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
-

Најмалку 19 луѓе се повредени во судир на воз и автобус во Франција
-

Три деца и наставник убиени во пукање во основно училиште во Орегон
-

Американски тренер во гимнастика осуден на 90 години затвор за детска порнографија
-

Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на Македонија, најмногу за телефонски и видео повици
-

Протести во Софија, се бараат оставки од Јотова и Радев
-

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
