Четири пожари во Куманово за еден ден

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово во текот на вчерашниот ден интервенираше на четири пожари на различни локации во градот и околината. Една од интервенциите, како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи е кај „Багрем бања“, простор кој граѓаните го посочуваат како критична точка за чести пожари и палење отпад.
Пожарникарите од ТППЕ Куманово првата интервенција ја реализирале во периодот од 15:00 до 17:00 часот во населбата „Перо Чичо“, во близина на „Багрем бања“, каде било опожарено подрачје со сува трева. Во интервенцијата биле ангажирани две противпожарни возила и четворица пожарникари.
Жителите од месната заедница „Панче Пешев“ лани и сега алармираат за речиси секојдневно палење отпад, смет, шут и гуми на потегот од Спомен-костурницата до влезот на населбата „Перо Чичо“. Според нив, чадот и огнот што ги предизвикуваат несовесни граѓани директно влијаат врз квалитетот на животот, бидејќи жителите често немаат можност да ги отворат прозорците, ниту нормално да престојуваат на отворено. Општината лани свика и кризен штаб и донесе одлука за патролирање на пожарникарските екипи на овој потег.
Вчера, пожарникарите интервенирале и на опожарена бандера на улицата „6 Април“, во вечерните часови, гаселе пожар на сува трева во селото Лопате и последната интервенција била реализирана од 21:10 до 22:05 часот на улицата „Средорек“, каде било изгаснато запалено ѓубре.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
