Четири училишта под клуч поради пожарот во Трубарeво – учениците почнаа со онлајн настава
Поради последиците од пожарот во Трубарeво четири училишта на територијата на Гази Баба наместо настава со физичко присуство, се префрлија на онлајн настава.
Станува збор за основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“, околу 1.800 деца, кои оваа седмица ќе учат преку Тимс. Овие воспитно-образовни установи се подготвни за учење на далечина, уверува министерката за образование и наука.
Но освен учениците во овие училишта, денеска голем број на родители не ги пуштиле своите деца на училиште, поради како што велат, лошиот квалитет на воздухот во Скопје. Во вибер групи кои служат за меѓусебна комуникација меѓу родители, ги информираа класните раководители дека нивните деца цела седмица нема да одат на училиште. Јаневска пак уверува дека нема потреба од загриженост.
Образовните власти се децидни дека во моментов нема потреба да се затвораат и други училишта.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар