Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите

Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон средината на годината активно да се вклучат на терен.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да се утврди кој не ги почитува законите.
Како што изјави денеска, во Трудовиот инспекторат во моментот има 80-ина инспектори, а во Пазарниот инспекторат - 120.
- Уште во времето кога овие два инспектората, со измените на законот, го изгубија правото на правен субјект и влегоа во склоп на Министерството за економија, ја известив Владата со барање да имаме повеќе инспектори, особено во Пазарниот инспекторат, бидејќи тие го опфаќаат целиот внатрешен пазар. Во овој Инспекторат треба да има повеќе инспектори за да може да си ја вршат својата работа со отчетност и да имаме поголема контрола на целиот внатрешен пазар и над сите оние што не ги почитуваат законите - изјави денеска Дурмиши, кој присуствуваше на презентација на националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025 - 2030 година.
МИА
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
