Четиринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров
Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.
Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во процесот на осамостојување на државата и нејзиното меѓународно признавање.
Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции.
По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието.
На 7 март му го довери мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада.
На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.
На претседателските избори 16 октомври 1994 година со мнозинство гласови повторно е избран за претседател на Републиката.
На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се врати на својата претседателска должност.
На 17 ноември 1999 година го завршува неговиот втор претседателски мандат на 82 годишна возраст.
По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.
Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија.
МИА
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
