Четворица осомничени за пукање на свадба во Добри Дол, Обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, поради пукање со огнено оружје на свадбена прослава.
Според Обвинителството, оомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар со кои пукале во воздух и со тоа ги довеле во опасност животите на поголем број присутни на свадбената прослава.
По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, против нив е поведена постапка за кривично дело по член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените. Како причина се наведува опасноста од бегство, при што за еден од осомничените е посочено дека покрај македонско поседува и словенечко државјанство.
МИА
Ново на Сител
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
