Четворица возачи лишени од слобода во Тетово, двајца возеле со речиси два промили алкохол

Четворица возачи биле лишени од слобода во Тетово и тетовско во изминатите два дена, откако учествувале во сообраќајни незгоди, а полициските контроли утврдиле дека управувале возила под дејство на алкохол, без возачка дозвола или за време на активна забрана за управување.
На 28 ноември, во 11 часот, во Тетово бил лишен од слобода 44-годишниот М.Х., кој со возило „шкода“ учествувал во сообраќајна незгода со телесни повреди. По извршените проверки било утврдено дека управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,92 промили, и покрај активната забрана за управување возило од Б-категорија.
Истиот ден, во 15:25 часот, на регионалниот пат Скопје-Тетово, бил лишен од слобода и 30-годишниот Р.А. од селото Церово, кој со возило „фолксваген голф“ учествувал во сообраќајна незгода со повредени лица. При проверките било утврдено дека немал возачка дозвола.
На 29 ноември, во 2:30 часот, во селото Желино, полицијата лишила од слобода уште двајца возачи, 22-годишниот А.Љ. од селото Ларце и 49-годишниот Б.Ш. од Сараќино. Тие учествувале во сообраќајна незгода со возилата „фолксваген голф“ и „сааб“. Утврдено било дека 22-годишникот управувал возило и покрај активната забрана, додека кај 49-годишникот биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против четворицата ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Средношколците се борат за награда од милион денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Од вторник построги услови за купување втор стан
-

Заврши состанокот на процесот Брдо-Бриони: Проширувањето да биде императив
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Расчистено убиството кај Смилковско - осомничениот открил како го извршил делото
-

Главната расправа за случајот со претепаната Сара одложена
-

Со боди камери и видеоповици ќе се документира семејното насилство
