Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи

Екипите на градските служби веќе се на терен и се подготвени да реагираат на најавените врнежи од снег, изјави вечерва градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител.
Тој посочи дека на делови од Водно веќе има лапавица, нагласувајќи дека поради специфичниот терен на повисоките места треба да се фрли доволно сол за да се спречи создавање проблеми во одвивањето на сообраќајот.
- Екипите се веќе излезени на терен, на дел од Водно веќе добив снимка дека има лапавица, но треба да бидеме подготвени таму, земајќи го предвид теренот. Треба да се фрли доволна количина сол на тоа место, така ќе биде и на сите повисоки места - рече Ѓорѓиевски.
Градоначалникот информира дека пред два дена бил на лице место во дежурната служба, каде што разговарал со вработените кои во овој период го носат најголемиот товар при справувањето со временските услови.
Тој најави дека и по завршувањето на телевизиското гостување ќе излезе на терен заедно со вработените во градските служби.
- Пред два дена бев и на лице место во дежурната служба, да ги видам луѓето на чиј грб генерално е товарот во овој период. Подготвени сме, нема да нè изненади снегот. Јас по емисијава ќе излезам исто со вработените на терен, така што ќе бидеме подготвени многу посериозно од кога било во минатото - изјави Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде накитено од 10 до 15 декември, новогодишната прослава ќе биде со македонски изведувачи и без огномет
-

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи
-

Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо
-

Неготинец си го натепал малолетниот син со метален предмет
-

Отстрането државно знаме во Гостивар, полицијата истражува
-

Приведени лица за повеќе случаи на семејно насилство, закани и злоупотреба во семејството
-

Јаневска: Не гледам причина за протест ако на студентите им се нуди повеќе
-

Два авиона на „Американ ерлајнс“ се судрија пред полетување во Вашингтон, нема повредени
