Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко

Во падот на италијански хеликоптер во близина на Брчко, загинаа по двајца припадници на вооружените сили на Италија и на италијанскиот воен Црвен крст, додека 11 лица се повредени, соопшти ЕУФОР.
„Двајца од повредените се префрлени во медицинска установа во Тузла на понатамошно лекување, додека деветмина се лекуваат во Брчко. Сите повредени во овој инцидент во моментов се во стабилна состојба“, се наведува во соопштението.
ЕУФОР потврди дека италијански хеликоптер CH-47 „Чинук“ се урна вчеравечер за време на редовна обука, пренесува РТРС.
Во несреќата ЕУФОР загуби четири члена кои беа во леталото, додека уште единаесет лица се повредени. Тие во моментов се во стабилна состојба и примаат медицинска помош, се наведува во соопштението.
Тие изјавија дека не е предизвикана штета на цивилната инфраструктура, имот или возила, а ниту еден цивил не е повреден во падот на хеликоптерот.
ЕУФОР апелираше, со оглед на трагичната природа на оваа несреќа, граѓаните да избегнуваат ширење дезинформации за овој настан, да се воздржат од какви било шпекулации и да ги следат само официјалните канали на ЕУФОР за проверени информации.
МИА
Ново на Сител
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот
-

Уапсен Романец на ГП Делчево, поседувал две тегли марихуана и ЛСД
-

Врвниот невролог од Белград проф. д-р Владимир Костиќ стана визитинг професор во Скопје - Придобивка за студентите по медицина на УКИМ
