Четврта победа на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја совлада вечерва црногорска Подгорица со 78-74 (39-29) во рамки на шестото коло во регионалната АБА 2 лига.
Кошаркарите на МЗТ Скопје имаа висока предност од 14 поени (52-38) на средина од третата четвртина, по што уследи криза во играта на македонскиот шампион, а Подгорица во завршните минути од натпреварот во Широки Брег дојде и до израмнување на резултатот (68-68).
Сепак, МЗТ Скопје не му дозволи на црногорскиот противник целосен резултатски пресврт и предводен од Војдан Стојановски (24 поени) и Душан Танасковиќ (20 поени) ја забележа четвртата победа со која во моментов е петтопласиран на табелата.
Настапот во рамки на третиот „балон“ во АБА 2 лигата кој се игра во Широки Брег кошаркарите на МЗТ Скопје ќе го заокружат в петок против Суботица со почеток во 18 часот.
Ново на Сител
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина
-

Анкета: Две третини од Американците веруваат дека земјата се движи во погрешна насока
-

Кремљ: Цените на нафтата може да се зголемат уште повеќе ако продолжат украинските напади врз руските објекти
-

Сиљановска Давкова - Хачатурјан: Ново поглавје во меѓусебните односи и можности за конкретна соработка во повеќе сектори меѓу Македонија и Ерменија
-

Израел го продолжи притворот на шпанскиот и бразилскиот активист од флотилата за Газа
-

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
