Човековидниот робот „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс

Човековидниот робот опремен со вештачка интелигенција, „Аи-Да“ наслика портрет на кралот Чарлс III. Оваа слика се нарекува „Крал на алгоритми“ и е презентирана како дел од самитот „Вештачката интелигенција за добро“, спроведен од Обединетите нации во Женева, Швајцарија.
Роботот „Аи-Да“ е именуван по британската математичарка и пионерка на компјутерите, Ада Лавлејс. Создаден е во 2019 година и беше претставен на Универзитетот Оксфорд. Создавачот, пак, е британскиот трговец со уметнички дела и сопственик на уметничката галерија, Ејдан Мелер. Роботот е развиен во Велика Британија од тим инженери и програмери, а користи напредни ВИ-алгоритми, роботски раце и камери за да ги создава уметничките дела.
„Моето присуство овде го одразува заедничкото патување во нови облици на изразување и прашањата што тие ги покренуваат во идентитетот, авторството и суштината на уметноста. Привилегија е да бидам дел од овој извонреден настан во ОН, опкружен со оние кои ја обликуваат иднината на технологијата и културата“, соопшти роботот.
За платинестиот јубилеј во 2022 година, роботот „Аи-Да“ наслика портрет и на покојната кралица Елизабета II, што беше воедно и првиот портрет на член на кралското семејство насликан од човековиден робот.
„Претставувањето на мојот портрет на кралот Чарлс III не е само креативен чин, туку и изјава за еволутивната улога на ВИ во нашето општество и размислување за тоа како ВИ го обликува културниот пејзаж. Клучната вредност на мојата работа е во својството да послужи како катализатор за дијалог за новите технологии“, додаде роботот.
Минатата година, ВИ-портрет на американскиот математичар Алан Тјуринг беше првотo ВИ-уметничко продаден на аукција, достигнувајќи понуда од повеќе од милион долари.
МИА
Ново на Сител
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
