Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања

Во Загреб денеска ќе се одржи првиот состанок на мешовитите комисии на Црна Гора и Хрватска, со што официјално почнуваат преговорите за решавање на отворените билатерални прашања меѓу двете земји.
Црногорската делегација ја предводи министерот за одбрана Драган Краповиќ, кој изјави дека таму патува со добра волја.
Во фокусот на разговорите ќе бидат статусот на школскиот брод „Јадран“ и другите прашања поврзани со сукцесијата на воениот имот. Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, изјави дека Хрватска од Црна Гора, покрај школскиот брод „Јадран“, бара и друг воен имот чија вредност, според неговите зборови, надминува 2,7 милијарди долари.
Во изјава за ХРТ, тој ги отфрли тврдењата дека станува збор за класични билатерални прашања со кои Хрватска се обидува да го блокира европскиот пат на Црна Гора.
„Како ќе гледаме на иднината на ЕУ ако Црна Гора, која е кандидатка, го игнорира својот прв сосед и, всушност, не сака да ги реши тие прашања“, заклучи Грлиќ Радман.
Црна Гора и Хрватска веќе подолго време имаат повеќе отворени прашања, меѓу кои, покрај школскиот брод „Јадран“ и сукцесијата на воениот имот, се и разграничувањето на море, прашањето за обесштетување на поранешните затвореници од логорот Морињ, пронаоѓањето на исчезнатите лица од војните во деведесеттите години, процесуирањето на воените злосторства и одредени имотноправни прашања.
За разграничувањето меѓу двете држави е предвиден посебен формат на преговори, додека денешната средба во Загреб треба да ги отвори поконкретните разговори за воениот имот и сукцесијата.
Прашањето за школскиот брод „Јадран“ со години е едно од најчувствителните во односите меѓу двете земји. Хрватска бара бродот да ѝ биде вратен, додека Црна Гора го смета за дел од својата воена и поморска традиција.
Ново на Сител
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
-

Трамп се правда по изјавата за уништување градови во Калифорнија: „Бев погрешно разбран“
-

Чупиќ: Јас сум виновен за поразот
-

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

САД ќе го пренесуваат во живо стрелањето на осуденикот Нидал Хасан
-

Нафтата поевтини по најавата на Трамп дека нема напад врз Иран пред изборите
-

Црна Гора и Хрватска денеска ги почнуваат преговорите за отворените прашања
