-->
-->
Црна Гора: Потврден случај на лептоспироза во Бијело Поље
-->
Во Бијело Поље, Црна Гора, потврден е првиот случај на лептоспироза, болест која се пренесува од заразени животни на луѓе, потврди денеска црногорскиот Институт за јавно здравје.
Како што е наведено, од 2015 до мај 2025 година, во Црна Гора се регистрирани 18 случаи на оваа заразна болест, но нема пријавени смртни случаи. Ова, како што нагласија, укажува на тоа дека болеста е под контрола кога навремено се дијагностицира и лекува, пренесува РТЦГ.
Најголем број случаи вкупно 61 процент, се регистрирани во Подгорица, додека останатите случаи се во Бијело Поље, Беране, Даниловград, Будва, Улцињ и Тузи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Зошто началничката на кочанската полиција не е опфатена со истрагата?
-
Судски не ја разгледал пресудата на Управен за уставната судијка Дуковска
-
Мицкоски: Не ме изненадуваат бугарските позиции
-
Јаневска: Контролите се засилени – учениците да не се обидуваат да препишуваат
-
Измени на Законот за работни односи
-
Неколку кандидати се борат за кандидатурата за Град Скопје во ВМРО-ДПМНЕ
-
80 години Државен завод за статистика
-
ВРЕДИ: 400 нови пожарникари