Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјата

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа ќе го пречека црногорскиот претседател со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“.
Потоа ќе следува тет-а-тет средба на претседателите, како и пленарен состанок на македонската и црногорската делегација.
Во рамките на официјалната посета ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.
Во рамките на посетата на земјата претседателот на Црна Гора утре ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Утре претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ ќе одржат заедничко предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет
-

Приведен жител на Росоман поради закани кон градоначалникот на социјални мрежи
-

До петок променливо облачно со услови за локален пороен дожд
-

„Велт“: САД планираат да го забрзаат повлекувањето на војниците од Европа
-

Седум полицајци се повредени, а 416 лица се уапсени во немирите во Франција по победата на фудбалскиот клуб ПСЖ
-

Генералниот директор на МААЕ, Гроси изрази загриженост откако дрон ја погоди зградата на турбината на нуклеарна електрана Запорожје
-

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
-

Историјат на празникот Педесетница
