Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран

Најмалку 787 лица се убиени во израелско-американските напади врз Иран, соопшти денеска Иранската Црвена полумесечина, пренесе ДПА.
Хуманитарната организација на Телеграм објави дека напади се регистрирани во 153 градови низ целата земја.
Низ целата земја се распоредени над 3.600 лица за итни интервенции, соопшти Црвената полумесечина, додавајќи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат на многу локации, пренесува германската агенција.
Организацијата за човекови права „Хенгау“, со седиште во Норвешка, вчера објави значително многу поголем број жртви од саботата досега, известувајќи за повеќе од 1.500 жртви.
Според „Хенгау“, околу 1.300 од убиените биле припадници на вооружените сили, а околу 200 биле цивили. Групата вели дека се потпира на мрежа на контакти во земјата за да ги документира жртвите, пренесува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
