Свет
19. April 2026 - 9:42

Заврши состанокот на Трамп со советниците за новата блокада на Ормуската теснина

Заврши состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите највисоки советници во врска со новото затворање на Ормуската теснина од страна на Иран, а сè уште не е познато што е епилогот од состанокот, објавува „Гардијан“.

На состанокот присуствуваа, меѓу другите, потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џеј Ди Венс, секретарот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар на САД Марко Рубио.

Не е познато каков е епилогот од состанокот, ниту кои се можните следни чекори на САД. Како што објавува „Гардијан“, Трамп ја напуштил Белата куќа по состанокот и отишол на терен за голф.

Во последните денови, Трамп имаше телефонски разговори со командантот на Генералштабот на пакистанската армија, Асим Мунир, како и со ирански претставници.

Иран, по краткорочното деблокирање на Ормускиот теснец, синоќа објави дека преминот е повторно затворен бидејќи, како што е наведено, „Соединетите Американски Држави не ги исполнија своите обврски според договорот за двонеделен прекин на огнот“.

Иранскиот корпус на револуционерната гарда објави дека почнувајќи од синоќа Ормуската теснина ќе остане затворена поради кршењето на прекинот на огнот од страна на САД и предупреди дека ниту еден брод не смее да се помести од своето сидро во Персискиот Залив и Оманското Море, а приближувањето кон Ормуската теснина ќе се смета за соработка со непријателот, додека секој брод што ќе ги прекрши овие услови ќе биде цел на напад.

МИА

Ново на Сител