ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица

Скопска мобилара - увозник на мобилни уреди откако била фатена во обид за криумчарење „Ејпл“ часовници, по претходен договор и со помош на други лица ги заменила запленетите часовници со евтини копии, а оригиналите ги ставила во продажба во сопствениот салон, информираат од Царинската управа (ЦУ).
Нагласуваат дека по налог на јавен обвинител извршен е претрес каде се пронајдени оригиналните часовници вредни 570 илјади денари - предмет на криумчарење. Против шест физички и две правни лица е поднесена кривична пријава за криумчарење, прикривање стока предмет на криумчарење и злоупотреба на службена положба.
Случајот е откриен на Меѓународен аеродром Скопје од страна на мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи, при детална контрола на пратка со „Ејпл таблети“ од Дубаи која била наменета за македонска компанија која се занимава со продажба на мобилни уреди.
-При прегледот на документацијата и контрола на стоката, инспекторите при отворање на еден од пакетите со ознака „Ејпл таблети“ откриле вкупно 20 паметни часовници кои не биле опфатени со увозната царинска декларација. Часовниците се привремено одземени и оставени во безбедносен сеф се до донесување наредба од страна на јавен обвинител. Уште истиот ден, други лица кои имале пристап до сефот, сега осомничени, го отклучиле сефот и запленетите часовници ги замениле со евтини копии, а оригиналите му ги предале на увозникот, соопшти ЦУ.
Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, се наведув аво соопштението, спроведе темелна истрага при што по налог на јавен обвинител е извршен претрес на мобиларата каде се најдени оригиналните часовници. Извршени се соодветни предистражни дејствија и форензика на прибавените доказни материјали, по што е поднесена кривична пријава против осум лица.
Во 2025 година од страна на Одделението за оперативни работи извршени се детални 8.177 царински прегледи при што остварени се вкупно 271 случаи на заплени.
МИА
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
