ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола

Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до 08:00 часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и Табановце, Општина Куманово и Липково, каде гори ниска вегетација и мешана шума.
Под контрола е пожарот помеѓу селата Рогачево, Јажинце, Долно Орешје, Општина Јегуновце, каде се зафатени пасишта и мешана шума.
Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Долнени – с. Дебрешта (ниска вегетација и стрниште), Општина Тетово – кај железничка станица (ниска вегетација), Општина Врапчиште – с. Врановци (ниска вегетација и ливади), Општина Гостивар – с. Тумчевиште (ниска вегетација), Општина Липково – с. Матејче (ниска вегетација и стрниште), Општина Куманово 1 – с. Лопате (ниска вегетација и стрниште), Општина Куманово 2 – с. Орашац (ниска вегетација и стрниште), Општина Куманово 3 – с. Черкези (стрниште), Општина Штип – клучка Три Чешми (стрниште), Општина Струга – во близина на градот (насади со лешници), Општина Кичево 1 – с. Осломеј (стрниште), Општина Кичево 2 – с. Брждани (стрниште), 13. Општина Крушево – с. Норово (депонија), Општина Кисела Вода – ул. Саса (ниска вегетација), Општина Шуто Оризари – ул. Јордан Поп Јорданов (ниска вегетација), Општина Илинден – с. Илинден (депонија), Општина Боговиње – с. Боговиње (ниска вегетација), Општина Охрид – с. Љубаништа (ниска вегетација), Општина Старо Нагоричане 1 – с. Младо Нагоричане (ниска вегетација), Општина Старо Нагоричане 2 – с. Руѓинци (ниско стеблеста шума и ниска вегетација), Општина Крива Паланка – нас. Единство (ѓубре), Општина Бутел 1 – с. Љубанци (ниска вегетација и грмушки), Општина Бутел 2 – Љуботенски пат (ниска вегетација и грмушки) и Општина Карпош – ул. Скупи бб (ѓубре).
МИА
Ново на Сител
-

Чадот од пожарите го загрозува здравјето - најчувствителни се децата и хронично болните
-

Училишниот прибор ќе поевтини до 15 проценти, Владата ќе носи одлука во вторник
-

Пораст на просечната плата за 6,4% годишно, пензиите од септември повисоки за 6 отсто
-

Вработени во ССМ обвинуваат за мобинг и незаконски отказ
-

ПЕТ-скенот повторно во функција, ќе се снимаат по десет пациенти дневно
-

Како да се користи веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден Град“ за странските државјани?
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
