Македонија
12. August 2025 - 8:30

ЦУК: Активен пожар во Македонски Брод, еден под контрола, 14 изгаснати

До 7:00 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во општина Кичево, меѓу селата Челопеци и Миокази, каде гореше мешана шума.

Изгаснати се 14 пожари, од кои два во општина Куманово, како и во општините Босилово, Врапчиште, Тетово, Кочани, Ресен, Ново Село, Крушево, Теарце и Прилеп.

Од скопскиот регион, изгаснати се пожарите во општина Сарај, кај селата Радуша и Свиларе и во село Шишево, како и пожарот во село Арачиново, општина Арачиново. 

 

МИА