ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со 18:30 часот, од вкупно 29 во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола се четири пожари, а 16 се изгаснати.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чучер Сандево помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума каде гори шумски пожар, во Општина Прилеп кај с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид приземен во мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу с.Црешнево и с.Локвица каде гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Дојран кај с.Николич каде гори нискостеблеста шума, во Општина Василево: с.Владевци и гори нискостеблеста шума, во Општина Чашка под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, каде нема активен пламен, само чад во карпест дел и гори шумски пожар, во Општина Крива Паланка кај с.Лозаново, во Општина Тетово на патен правец Тетово – с.Селце и гори дива депонија и во Општина Делчево кај м.в.Брежје каде гори нискостеблеста вегетација, смреки и грмушки.
Под контрола се ставени четири пожари во Општина Македонски Брод, еден кај с.Рамне – с.Ковче каде гореше ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков, во Општина Македонски Брод кај с.Слатина гореше мешана шума во Општина Македонски Брод кај с.Слатина и гореше нискостеблеста мешана шума и во Општина Делчево кај градската депонија Острец каде гореше депонија.
Изгаснати се 16 пожари, и тоа во Општина Шуто Оризари кај с.Визбегово каде гореше депонија, во Општина Ѓорче Петров кај с.Орман и гореше ниска вегетација и дрво, во Општина Гази Баба кај Смилковското Езеро гореше ниска вегетација, во Општина Аеродром на ул. „3-та Македонска Бригада“ гореше сува трева, во Општина Кисела Вода на ул. „Малешевска“ во нас.Драчево гореше сува трева, во Општина Струмица кај с.Куклиш гореа стрниште и сува трева, во Општина Велес кај градската депонија во Велес каде гореше ѓубре, во Општина Кавадарци на ул.„Диме Туриманџов“ гореше ѓубре, во Општина Делчево кај м.в.Брежјето гореа грмушки и сува трева, во Општина Куманово кај нас.Средорек гореа ѓубре и сува трева, во Општина Крива Паланка кај с.Градец гореа шума и сува трева), во Општина Крива Паланка кај с.Конопница гореше борова шума, во Општина Желино кај с.Ларце – с.Горна Лешница гореше мешана шума, во Општина Тетово кај с.Џепчиште гореше сува трева, во Општина Гостивар гореше сува трева и во Општина Кочани кај селата Јастебник и Полаки, м.в.Бабиште каде гореше шума и сува трева.
Ново на Сител
-
Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе, меѓу жртвите има и малолетни лица | ВИДЕО
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик