ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
Активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, мешана шума. Во пожари во Македонски Брод, се зафатени дабова шума и грмушки, помеѓу с. Црешнево и с. Локвица, ниска вегетација, пожар проширен од фабрика „Самоков“ во с. Рамне, како и мешана шума во селата Слатина и Ковче. Исто така во општина Чашка, под Солунска Глава, м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, чад во карпест дел, а гори и нискостеблеста шума во село Николиќ во Дојран.
Локализиран е пожарот во Кочани, м.в. Бабиште, помеѓу с. Јастребник и с. Полаки, со кој се зафатени ниска вегетација и мешана шума.
Според ЦУК, под контрола се пожарите во Делчево на Градска депонија „Острец“, во Виница – с. Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума), во Крива Паланка – с. Градец и с. Лозаково (борова, дабова и багремова шума) и во Желино – с. Ларце – различна локација (мешана шума).
Порад состојбата со пожарите во Владата синоќа заседаваше Кризниот штаб, а активиран е и европскиот механизм за помош во справување со пожарите.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Крзниот штаб изјави дека причина за ширење на пожарите во најголема мера биле неповолни временски услови и силен ветер, но посочи дека за дел има основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти.
- Максимално се ставаат во функција сите капацитети на државата во функција, со тоа што морам да истакнам дека од Грција се дадени на испомош два канадери, кои што ќе бидат ставени во функција, како и два пешадиски тима кои се ставени на располагање преку ЕУ механизмот. Сите владини институции целосно се мобилизирани и активно се вклучени на терен. Во приправност се ставени 300 војници, од кои околу 150 активно беа вклучени на терен, како и околу 400 полициски службеници, кои беа активно вклучени на терен, изјави Тошковски.
Ново на Сител
-
Убиство во Бардовци
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
-
Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
-
Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
-
Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките
-
Млади битолчани фатени при купопродажба на дрога
-
Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен
-
Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти