ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
До 12:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има во општина Прилеп, кај село Беловодица – место викано Ливада и село Лењиште, каде е зафатена букова шума и во општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец, каде гори мешана шума.
Под контрола е ставен пожарот во повеќенаменско подрачје „Јасен“, каде гореше мешана шума.
Во скопскиот регион изгаснати се пожарите на територија на општина Сопиште: кај браната на езерото Козјак (ниска вегетација и шума) и во општина Студеничани: села Горно Количани и Драчевица – планински врв Китка (мешана шума).
Изгаснати се пожарите и во општина Кичево: село Душегубица (ниска вегетација и ниска шума), општина Велес: село Клуковец (ниска вегетација), општина Росоман: село Дебреште (ниска вегетација) и во општина Демир Хисар: село Кутретино (депонија).
МИА
Ново на Сител
-
Странски експерти ќе утврдуваат дали се правеле непотребни кардиолошки операции во приватните болници
-
Муцунски во Брисел на средби со Марта Кос и Јан Копман
-
Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху
-
ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари
-
Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје
-
Во Еквадор запленет експлозивен материјал наменет за терористички акти во Колумбија
-
Дел од населба Аеродром денеска без струја
-
Сончево со температура до 32 степена