Македонија
16. July 2025 - 13:57

ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат

Активни се три пожари на отворен простор заклучно со 12:00 часот, од вкупно пет во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  Изгаснат е еден, а под контрола е еден пожар на отворено.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Велес кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци каде гори мешана шума, во Општина Македонски Брод помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и во Општина Василево кај с. Нивичино каде гори нискостеблеста шума.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Дојран кај с. Николиќ каде гореше нискостеблеста шума.

Изгастан е еден пожар во Општина Чучер Сандево кај с. Горњани каде гореше нискостеблеста шума.

 

МИА