ЦУК: Активни три пожари на отворено - гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец

- На територијата на државата до денеска до 18:00 часот се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ниска вегетација.
Изгаснати се пожарите во: с. Босилово, Општина Босилово (депонија); с. Банско, Општина Струмица (депонија); с. Зубовце, Општина Куманово (ниска вегетација); ул. „Средорек“, Општина Куманово (сува трева); с. Пчиња, Општина Куманово (ниска вегетација и насади со жито); м.в. Ливада, Општина Струга (ѓубриште). Изгаснати се и пожарите од кои била опфатена ниска вегетација на ул. „Пане Џунов“, Општина Кавадарци, кај Новите градски гробишта, Општина Прилеп, во селата Долно Коњари, Општина Петровец, во Радуша, Општина Сарај, во Студеничани, Општина Студеничани, Грушино, Општина Арачиново, Горно Свиларе, Општина Сарај и во селото Пршовце, Општина Теарце
МИА
Ново на Сител
-

Греењето на дрва се намалува секоја година за 10%, на граѓаните сега им се достапни и банки за струја кога произведуваат електрична енергија
-

Истрага за загрозување на животна средина
-

Филипче на средба со земјоделците
-

Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
