Со вежба за помош на мигранти во Струмица одбележан Денот на првата помош
Шеесетина волонтери на струмичкиот Црвен крст на дело ги покажаа нивните вештини во пружање прва помош. Преку симулациска вежба во која им се укажуваше помош на мигранти, тие го одбележаа Денот на првата помош.
За младите волонтери, поседувањето основни познавања од прва помош е од суштинско значење за сите нивни врстници, но и воопшто за сите граѓани. Велат дека ваквите вежби се исклучително важни.
Од Црвениот крст во Струмица велат дека симулациската вежба била со цел да се покаже само една од активностите на волонтерите, но истовремено и да послужи како мотивација за регрутирање нови членови, како и да се потсетат сите граѓани за потребата дека секој треба да знае да пружи прва помош.
Во симулацијата учествуваа и претставници на Граничната полиција и Противпожарната единица од Струмица, со што се тестираше меѓуинституционалната соработка во реални услови.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
