ЦУК: До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територија на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати.
Активни се пожарите во селото Гнеотино, м.в. Ергела во Општина Новаци, каде гори ниска вегетација, во селата Ропотово и Бело Поле во Општина Долнени, каде гори стрниште, на излезот од селото Сачево кон селото Муртино во Општина Струмица, каде гори стрниште и ниска вегетација и во селото Слатина, м.в. Слатински Мост во Општина Македонски Брод, каде гори ниска вегетација и грмушки.
Под контрола се пожарите во депонијата во Делчево и во селото Грешница, м.в. Стојанова населба во општина Македонски Брод, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.
Изгаснати се пожарите меѓу селата Долно и Средно Коњаре (ниска вегетација) во Општината Петровец, во Момин Поток (ниска вегетација и грмушки) во Општината Карпош, во селото Љуботен (ѓубре) во Општината Бутел, во селото Паталишта (ниска вегетација и нискостеблеста шума), на Кејот на Вардар (ѓубре) и меѓу селата Чајле и Форино (ниска вегетација) во Општината Гостивар, во селото Селце (ѓубре) во Општината Тетово, во селото Доброшинци (депонија) во Општината Василево, во с. Црвивци (стрниште) во Општината Кичево, во селото Могила, кај реката (ниска вегетација и ѓубре) во Општината Могила и во м.в. Германски гробишта (ниска вегетација) во Општината Прилеп.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
