Македонија
11. July 2025 - 9:03

ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати

До 7:30 часот има вкупно 38 пожари на отворен простор низ државава, од кои седум се активни, четири се под контрола и изгаснати се 27 пожари.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: Општина Чучер Сандево - помеѓу селата. Блаце и Горњани, место викано Рамна шума (шумски пожар); Општина Прилеп - село Бешиште, место викано Бешишки Рид (приземен во мешана шума); Општина Македонски Брод - помеѓу селата Црешнево и Локвица (деградирана дабова шума и грмушки); Општина Македонски Брод - село Крапа (нискостеблеста шума); Општина Дојран: село Николиќ (нискостеблеста шума); Општина Чашка - под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад, карпест терен) и во Општина Тетово: кај бензинска пумпа „Окта Петрол“  (нива).

Од четирите пожари што се ставени под контрола, три се на територијата на Општина Македонски Брод:  село Рамне – село Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков); село Слатина (мешана шума); и  Слатина (нискостеблеста мешана шума), како и во Општина Делчево - Градска депонија Острец (депонија).

ЦУК во соопштението утрово информира и за 27 изгаснати пожари: 

Општина Шуто Оризари: с. Визбегово (депонија)
Општина Ѓорче Петров: с. Орман (ниска вегетација и дрво)
Општина Гази Баба: Смилковско Езеро (ниска вегетација)
Општина Аеродром: ул. „Трета македонска бригада“ (сува трева)
Општина Кисела Вода: ул. „Малешевска“, Драчево (сува трева)
Општина Студеничани: с. Батинци (ѓубре)
Општина Струмица: с. Куклиш (стрниште и сува трева)
Општина Василево: с. Владевци (нискостеблеста шума)
Општина Велес: градска депонија (ѓубре)
Општина Кавадарци: ул. „Диме Туриманџов“ (ѓубре)
Општина Карбинци 1: с. Горни Балван (сува трева)
Општина Карбинци 2: с. Крупиште (сува трева)
Општина Карбинци 3: с. Радање (стрниште и сува трева)
Општина Делчево 1: место викано Брежје (грмушки и сува трева)
Општина Делчево 2: место викано Брежје (грмушки, смрека и дел борова шума)
Општина Кочани 1: Спомен-дом „АСНОМ“ (сува трева)
Општина Кочани 2: кај с. Јастребник и с. Полаки, место викано Бабиште (шума и сува трева)
Општина Куманово: Средорек (ѓубре и сува трева)
Општина Крива Паланка 1: с. Градец (шума и сува трева)
Општина Крива Паланка 2: с. Конопница (борова шума)
Општина Крива Паланка: с. Лозаново
Општина Желино: с. Ларце – с. Горна Лешница (мешана шума)
Општина Тетово 1: с. Џепчиште (сува трева)
Општина Тетово 2: пат Тетово – с. Селце (дива депонија)
Општина Гостивар: Гостивар (сува трева)
Општина Прилеп: кај Салида (сува трева)
Општина Долнени: с. Долнени (сува трева)