ЦУК: Пет активни пожари и четири под контрола
Вкупно 27 пожари се евидентирани во земјава од кои пет активни и четири под контрола, а 18 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума), Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума прнар и сува трева) и Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
Според ЦУК, под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација), Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева), Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева) и Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума).
Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп 1 – с. Ново Лагово (ниска вегетација), Општина Прилеп 2 – нас. Тризла (ниска вегетација), Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума), Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација), Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација и стрниште), Општина Могила – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација), Општина Куманово 1 – нас. Средорек (ѓубре), Општина Куманово 2 – нас. Карпош, ул. 154 (ниска вегетација), Општина Куманово 3 – ул. Никола Тесла (ниска вегетација), Општина Охрид 1 – ул. Ариф Мустафа (ниска вегетација), Општина Охрид 2 – ул. Стив Наумов, место викано Тумба (ниска вегетација), Општина Петровец – с. Огњанци (ѓубриште), Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (ѓубриште), Општина Илинден – с. Бучинци (ниска вегетација), Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација и стрниште), Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација), Општина Велес – с. Клуковец (ниска вегетација) и Општина Кавадарци – с. Дреново (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути