Македонија
17. July 2025 - 17:50

ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари

Центарот за управување со кризи инфомира дека поради ветер кој го зафати подрчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари.

Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска Зона Бунарџик и рафинерија Окта.

Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац.