ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни

Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државава денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се сè уште активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати.
Активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и во општина Крушево, на влезот од градот, каде што е зафатена депонија.
Под контрола се пожарите во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје Јасен, каде што гори мешана шума, како и на планината Кожуф во општина Гевгелија, каде што е зафатена висока шума.
Изгаснати се пожарите во општина Штип, кај селото Судик (стрниште), во општина Дебар, кај селото Елевци (ниска вегетација), и во општина Куманово, во населбата Гоце Делчев (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-

Меси тренираше одделно
-

Атлетико Мадрид се вклучува во трка за потписот на Осимен
-

„Не можам да дишам“: Снимка од последните моменти на Хенри Новак предизвика гнев и протести во Британија
-

Кривична против Сашо Велковски, поранешен градоначалник на Свети Николе
-

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
-

Американските власти открија тунел за трговија со дрога меѓу Мексико и САД
-

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европски земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
-

Обвинителството ќе презентира нови материјални докази на судењето за пожарот во „Пулс“
