ЦУК: Регистрирани седум пожари на отворен простор, два сè уште активни

Центарот за управување со кризи соопшти дека на територијата на државава денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор. Два од нив се сè уште активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати.
Активни пожари се пријавени во општина Долнени, кај селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и во општина Крушево, на влезот од градот, каде што е зафатена депонија.
Под контрола се пожарите во општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје Јасен, каде што гори мешана шума, како и на планината Кожуф во општина Гевгелија, каде што е зафатена висока шума.
Изгаснати се пожарите во општина Штип, кај селото Судик (стрниште), во општина Дебар, кај селото Елевци (ниска вегетација), и во општина Куманово, во населбата Гоце Делчев (ниска вегетација).
МИА
Ново на Сител
-

Средба на Комисијата за образование, наука и спорт со министерката Јаневска и експертите на Стратегијата за образование 2026 - 2032
-

Во Собранието јавна расправа за заштитата на младите од штетните влијанија и последиците од пушењето
-

Надградена ИТ алатката за следење на примената на Стратегијата за реформата на администрацијата
-

Украински напад со дрон врз танкер усмрти неколку лица во јужна Русија
-

Американската војска убила четири лица во уште еден напад врз сомнителен брод со дрога во Пацификот
-

Променливо облачно време
-

Магла на патот Неготино - Демир Капија
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
