Македонија
10. September 2026 - 8:13

ЦУК: Вкупно 31 пожар, три активни, четири под контрола

Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор од кои три се активни, а четири се под контрола. 

Активни се пожарите меѓу селата Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци во општина Струга, кај селото Белица во општина Македонски Брод и кај селото Брест во општина Чучер-Сандево. 

Под контрола се пожарите кај селото Бенче во општина Македонски Брод, кај селото Тајмиште во општина Кичево, кај селото Грачани во општина Ѓорче Петров и во Делчево каде гори дива депонија. 

 

МИА

Ново на Сител