Да се повлече предлог законот за извршување, бара КСОМ
Да се повлече новиот предлог закон за извршување и да се вклучат забелешките од Конфедерацијата на синдикални организации. Бараат доверителот директно на должникот, односно на граѓаните да им ги доставува решенијата за неплатен долг, а не како сега , преку нотари, адвокати, извршители, сумата неколкукратно да им се зголеми. Образложението дека адвокатите не можат да ги најдат граѓаните на адреса, па затоа после ги даваат на извршител, според КСОМ не држи вода, бидејќи системот на „Сејф Сити“ го покажува спротивното.
За долг од 500 денари за казна за паркинг, наместо доверителот да си напише решение и да прати кај должаникот, го праќа на адвокат, кој наплаќа 6,000 денари, плус мора да ангажираат нотар, кој чини 4,000 денари, па на крај оди кај извршители. На тој начин долгот од 500 денари, достигнува 17,000 денари, изјави Марјан Ристевски, претседател на КСОМ
Во моментов има околу 300 илјади предмети за извршување. Најчесто се за неплатени комуналии, или казни за паркинг., пред повеќе од 10 тина години. Период во кој основниот долг енормно пораснал, а со ниски примања, граѓаните не можат да го платат. Ако не се вклучат забелешките од КСОМ, најавуваат протести.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
