Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека и синоќа дошло до „драстично нарушување на јавниот ред и мир“, придружено со „брутални напади врз полицијата“, демолирање и палење на објекти на институции и политички партии.
Тој посочи дека е повреден еден припадник на Жандармеријата, а уапсени се 18 лица. Според него, најмногу инциденти имало во Ваљево, Белград и Нови Сад, но јавниот ред е воспоставен во сите три града.
Во Ваљево биле запалени просториите на Српската напредна партија, но за среќа таму немало луѓе. Демолирани биле и просториите на градската управа, Судот и Обвинителството. На собирот во градот присуствувале околу 4.000 луѓе.
Дачиќ нагласи дека за време на протестите биле нападнати просториите на Српската напредна партија, Српската радикална партија, Социјалистичката партија на Србија и Движењето на социјалистите.
Според Дачиќ, во Белград протестирале околу 1.300 лица, кои, како што рече, биле „многу агресивни“ и ја гаѓале полицијата со шишиња наполнети со запаллива течност и со пушките за пејнтбол.
Во Нови Сад биле собрани околу 500 демонстранти. – Мора да биде јасно дека насилството нема да се толерира, порача српскиот министер и додаде дека сите кои го прекршиле законот ќе бидат санкционирани.
МИА
Ново на Сител
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
