Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид.
Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија.
Во женска конкуренција најбрза беше Греса Бакрачи од Косово, пред Биљана Кираџиева од Србија и Благица Јованова од Македонија.
Во штафетните трки на 21 километар кај мажите победи екипата „Korruners & Atomic“, кај жените триумфираше „Ем-Си Ран“, а во мешана конкуренција најбрза беше „Битола трча“.
Во трката на пет километри кај мажите победи Григоријан Никовски, а кај жените Матеја Ефремовска, додека во тимска конкуренција најуспешни беа „Ракометна школа Седмерец“ кај мажите и „3 Disciplines“ кај жените.
На јубилејното издание на манифестацијата имаше околу 2.700 учесници од 30 земји.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше вреќи и кутии ѓубре во Радика
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
