Македонија
21. July 2021 - 17:31

Датумот за локалните избори станува камен на сопнување меѓу партиите

31 октомври е не прифатлив датум за ВМРО ДПМНЕ за одржување на локални избори. Предлогот на премиерот да се одржат на овој датум  би било кршење на уставот велат од ВМРО ДПМНЕ. Според нив одредувањето на изборниот ден не треба да биде резултат на меѓукоалициски пресметки на владејачките партии.

За ДУИ не претставува проблем за кој било датум да се договорат политичките партии бидејќи се убедени дека ќе победат. Според интегративците нема закана по владината коалиција поради одлуките за тоа кого би поддржале на локалните избори во Тетово.

Според Левица средина на октомври е законскиот датум кога треба да се одржат изборите, левица пак велат симптоматично е што власта бара пролонгирање под изговор дека ќе се поклопи со процесот на попишување.

Познавачите велат дека препукувањата за датум се неосновани бидејќи до сега многу пати со месеци бил пролонгиран изборниот ден. Според експертите се работи само за политички договор.

Во меѓувреме партиите реагираат и на делот во изборниот законик за отворени листи за советници. Според ВМРО НП неприфатлив е прагот од 3 отсто. ЛДП пак смета дека овој процент е доволен и велат доколку партијата добие 10 000 гласови сите кандидати што освоиле минимум поддршка од 300 гласови може да станат советници. Колку од нив ќе влезат во Совет ќе зависи од бројот на освоени гласови на партијата велат извори за Сител.