Македонија
2. October 2020 - 16:41

Дебарската гимназија со настава во училница - не ги почитуваат одлуките на Комисијата

Дебарските средношколци протестираат од понеделник почнуваат со настава со физичко присуство. Гимназијата „28 Ноември" нема да ја почитува одлуката на Комисијата за онлајн учење директорот Имери најави дека од следната недела во оваа образовна институција учениците се враќаат во училници во две смени согласно пропишаните протоколи.

Од Министерството за образование пак на став дека сите носиме одговорност за заштитата на јавното здравје.

И учениците од Струга кои следат настава на албански јазик во гимназијата „Ибраим Темо”  и „Нико Нестор”  ја бојкотираат он лајн наставата.

Учениците од Струга продолжуваат со бојкотот на наставата, а најавија и нови протести, додека пак од локалната од каде добија добија подршка очекуваат Министерството за образование да одговори позитивно на нивното барање за настава со физичко присуство во сите училишта во општината.